Погледнете како живеат богатите руски и кинески студенти во Лондон

popara11 септември, 20171min00
9

Лондон поради пренаселеноста има се помалку станови за издавање, но тоа не е проблем доколку сте студент на двајца богати родители.

Иако мислиме дека за тоа имаат пари само руските олигарси и шеиците од Блискиот исток, според податоците на агенцијата за недвижнини “E.J. Harris” најмногу пари за издавање на станови всушност даваат студентите.

Станува збор за најбогатите руски, кинески и малезиски студенти кои трошат и по 1.500 фунти неделно за да живеат во најелитните делови на Лондон – Мејфер, Најтсбриџ и Саут Кенсингтон.

Становите, како овој на Кадоган Гарденс, близу плоштадот Слоан, отсекогаш биле беспрекорни, со многу природно светло и прозрачни соби. Дури имаат и купатила како оние кои се гледаат во најексклузивните хотели.

Собите се беспрекорни, а богатите родители на странските студенти радо даваат една годишна плата на просечен Британец на станови со вакви соби.

Најбогатите студенти даваат и по 5.000 долари неделно за луксузни станови кои имаат соби поголеми од просечен стан во Лондон. Ова на пример е спалната соба во еден стан во близина на Риџентс парк.

Причината поради која студентите трошат толкави суми на станови е желбата да се угостат пријателите и семејството кога ги посетуваат во Лондон.

Иако имаат многу простор за забава, издавачите на станови тврдат дека станарите се многу пристојни, уредни и дека многу сериозно го сфаќаат учењето и студирањето во Лондон.

Единствено нешто на што се жалат е пушењето, кое можеби е единствен порок на студентите, но бидејќи становите се толку големи, чадот многу брзо се ветрее.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag