Вежбањето не значи секогаш дека ќе го добиете посакуваниуот резултат. Тоа е лошата вест за вас, а добрата е тоа што сте почналае да вежбате, што значи дека ви останува уште да ги изберете вистинските вежби и ќе го добиете посакуваното. Па така, доколку сакате да имате потенки бутови, тогаш тоа можете да го направите за само 7 дена. Се што треба да направите е по 20 минути дневно (па вие веќе вежбате и ова нема воопшто да ви претставува проблем, нели?) да ги вежбате овие вежби од кардио програмот осмислен за овој дел од телото и за многу брзо време ќе изгледате како што сакате!
Возете велосипед во воздухот
Легнете на грбот, подигнете ги нозете и почнете да возите велосипед во воздухот. Ова е супер вежба за мускулите на бутовите и задникот, која што можетре да ја правите додека ја гледате омилената серија на ТВ, а резултатите ќе ги забележите многу брзо.
Без чучњеви ништо!
Свиткајте ги колениците во получучњеви, ставете ги рацете на колковите или половината и почнете лесно да се спуштате кон подот се додека не почувствувате болка во бутните мускули. Исправете се и повторете ја вежбата најмалку осум пати. Кога ќе добиете кондиција, ќе можете да ја правите во повеќе серии.
Вежба која мора да ја знаете
Легнете на грбот, свиткајте ги нозете на коленмата, а рацете испружете ги покрај телото и гледајте рамно во плафонот. Поставете свиткана крпа измеѓу колениците, како внатрешната страна на вашите бутини би учествувала, и подигајте го задникот. Оваа вежба повторете ја 15 пати во една серија и не заборавајте на правилното дишење.
https://www.youtube.com/watch?v=5OQXAm7JKuM