Хорасио Вилјегас, човекот кој ја предвиде победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори, сега тврди дека Третата светска војна ќе започне на 13 мај, на 100-годишнината од укажувањето на Богородица од Фатима, пишува лондонскиот таблоид Мирор онлајн.
Овој самонаречен „божји пратеник“, имено, е уверен дека тоа ќе биде нуклеарна војна, која ќе трае до 13 октомври.
Луѓето, вели Вилјегас, би требало да бидат подготвени со оглед на тоа што не очекуваат разорувања, шокови и смрт.
Мирор потсетува дека Вилјегас веќе од порано предвидувал дека претседателот на САД ќе ја нападне Сирија, што се случи неодамна, а предвидел и дека светскиот однос на силите ќе ги доведе Русија, Кина и Северна Кореја во глобален судир со смртоносни последици.