Екипата на една телевизиска куќа во Њујорк успеала после повеќегодишно истражување и поставување камери на скриени места да ја разоткрие измамата на една млада девојка.
Преку ден таа е бедна бездомничка која проси на една од најелитните улици. Минувачите често се богати и дарежливи луѓе, па понекогаш за еден час таа добива по 50 донации! Но што се случува кога ќе заврши “работниот ден“?
Таа влегува во ресторан каде се преоблекува. Од ресторанот излегува како супер средена девојка и седнува во луксузен автомобил. Секако штаките повеќе не и се потребни. И секој ден така…
Кога новинарите ја соочиле со вистината, таа само продолжила понатаму како вистинска актерка која не излегува од својата улога.