Протеинска диета – да, но не на долги стази!

popara27 јули, 20171min00
8-high-protein-vegetables-header-v2-830x467

Протеинската диета и диетата сиромашна со јаглехидрати е навистина популарна. Иако може да ви помогне брзо да го остраните вишокот на килограми, таа не се препорачува да се користи подолг временски период.

Дневната потреба за протеини зависи од полот, возраст, тежина и здравствена состојба.

На повеќето им е потребно околу 3 порции на протеини дневно. Прекумерниот внес го оптеретува црниот дроб и бубрезите, и може да допринесе за намалување на калциумот во организмот кој може да предизвика остеопороза, додека недостатокот на влакна може да предизвика пореметување во дигествивниот систем.

Добри извори на протеини:

  • Пилешко месо и риба
  • Јајца
  • Млечни производи со ниска масленост
  • Јаткасти плодови
  • Производи од соја

Добри извори за јаглехидрати:

  • Интеграни житарици како ориз, овес, пченка
  • Овошје и зеленчук, освен компир
  • Млечни производи со ниска масленост

 

 

Пример за добро избалансиран оброк:

Доручек: омлет со 2 јајца со сирење, домат, печурки и кромид, и едно парче тост леб

Ручек: интегрална земичка со 100гр пилешко месо и 2 порции салата

Вечера: 100 гр варено јагнешко месо, порција тестенина од интегрално брашно и 2 порции варен зеленчук

Ужина: зеленчук или мал овошен шејк

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag