
Португалскиот ТВ-канал SIC објави дека фудбалерот Кристијано Роналдо добил близнаци, машко и женско.
„Матео и Ева ги роди сурогат-мајка. Тоа е тајна што Кристијано Роналдо уште ја нема поделено со светот“, тврди португалскиот медиум.
Децата наводно се родиле во четвртокот.
Португалскиот репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид не ја коментираше објавената вест, а британски The Sun уште во март објави дека Роналдо чека близнаци од сурогат-мајка која живее во западниот дел на САД.
Тој веќе го има синот Кристијано Роналдо Џуниор, чие раѓање беше објавено во јули, 2010 година преку социјалните мрежи.
32-годишниот фудбалер е во врска со шпанскиот модел Георгина Родригез, за која исто така кружат шпекулации дека е бремена со негово дете, откако беше забележана со заоблено стомаче додека двајцата беа на одмор.