
Русија го претстави новиот човеколик робот, наречен ФЕДОР, кој ги претставил своите способности.
Тој пука од двете раце, завртува сијалици, става клуч во брава, отвара врата, пали светло, вози автомобил, а би требало да одлета во вселената.
Заменик премиерот на Русија и министер за одбрана Димитриј Рогозин напишал на Твитер дека пукањето од двете раце му дозволува на роботот да ги постави своите приоритети во миг и да донесува одлуки.
Роботот би требало да биде единствен патник на новото вселенско летало „Федерација“ 2021 година, а го нарачало Министерството за вонредни ситуации на Русија.
Овој робот го развиваат Android technics и Фондот за напредни истражувања, по барање на министерството, а роботот ќе биде користен во рамки на проектот „Спасувач“.