
И покрај тоа што многумина ја сметаат за луда, 43 – годишната Вихелмина Морган Калахан и понатаму смета дека јоркширскиот териер за кој се омажила е „идеален“ за неа.
Сите знаеме дека кучето е најдобриот пријател на човекот, а за Калахан нејзиниот миленик е многу повеќе од тоа.
„Откако се венчавме во 2009 година, пребродив многу работи. Ја изгубив работата во мртовечница, сега ја променив професијата. Хенри постојано беше прекрасен со мене, толку е верен“, вели таа.
Калахан го посвои Хенри во 2009 година, а откако дознала дека некои сопственици се венчале со своите кучиња, се одлучила да го направи истото.
Во однос на тоа дека во Велика Британија е забрането стапувањето во брак меѓу луѓе и животни, нејзиниот брак е од „спиритуална природа“, иако Калахан вели дека го сфаќа сериозно и дека поседува специјален сертификат.
Но Хенри не е нејзиниот единствен миленик, оваа жена поседува 11 кучиња и вели дека сите живеат сложно.
Исто така истакнува дека и покрај тоа во целост му е посветена на Хенри.
„За разлика од другите бракови кои се распаѓаат, знам дека мојот и на Хенри ќе трае до крајот на животот“, заклучи таа.