
Алина Кабаева, за која медиумите тврдат дека е долгогодишна партнерка на рускиот претседател Владимир Путин , неодамна на една спорттска манифестација во Италија се појави со бурма на прстот на десната рака!?!
Огромниот прстен на нејзината рака ги наведе медиумите да започнат да шпекулираат дека Алина и Путин се венчале. Гламурозната Алина воопшто не го криела прстенот на нејзината рака, а шпекулациите дека таа и Владимир Путин се во врска траат веќе десетина години.
Додека Кремљ со години демантира дека поранешната олимписка шампионка во гимнастика дека „Алина е руската прва дама во сенка“ некој медиуми пренесуваат дека Кабаева и Путин веќе имаат и две деца.
Алина Кабаева иако е една од најпосакуваните Русинки од 2008 година не е видена во машко друштво , прстенот го носела на прст на десната рака , на кој православците обично ја носат бурмата, прстенот бурма инаку е од бело злато и е многу впечатлив.