Од 1949 велосипедите на Рог станаа честа појава на нашите улици, особено најславниот модел – легендарниот Пони.
Велосипедот на кој се учевме да возиме беше важен извозен производ на бивша Југославија.
После повеќе од две децении од фабриката Рог во словенски Велење повторно излегува легендарниот велосиед кој е прилагоден на модерните трендови.
Основниот облик е непроменет, но новиот Пони може да се пофали со фиксен пренос на брзини, инокс ланец, ЛЕД светла, кожно седиште…
Во палетата се наоѓаат пет модели Пони велосипеди – Classic, Classic 3, Classic 5, Sport i Sport S – кои доаѓаат во голем избор на бои..
За жал, цената ќе ги разочара носталгичарите. Најевтиниот Пони Класик чини 329 евра, додека врвот на понудата се Класик 5 и Спорт С за кои треба да издвоите по 789 евра!