Шакира раскажа како го запознала и колку го сака Пике

13 април, 20170
12

Се започнало со неколку коктели мохито.

Во моментов се среќно семејство со две прекрасни деца. Шакира раскажа за односите со Жерар Пике, но не во интервју за некое списание, туку во својата нова песна “Me Enamorе”. Од текстот на парчето разбираме за инстант привлекување меѓу нив.

“Помислив дека сеуште е малку момче, но што да направам …”, пее Шакира, алудирајќи на фактот дека тој е со десет години помлад од неа.

И покрај тоа што имало мохито, имало и многу танцување, за време на кои хемијата меѓу нив едноставно се случила. Од текстот разбираме уште дека очигледно таа го направила првиот чекор, откако го видела сам.

И си рекла: “Тој е само за мене и за ниедна друга.” Останатото, како што се вели, е историја. “Со тебе би имала десет деца. Но да почнеме со две”, се пее уште во парчето.

Шакира и фудбалерот Жерар Пикe имаат две момчиња – на четири и на две годинка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi