Вообичаено шминката жените ја чуваат во купатило меѓутоа според некои размислувања подобро би било шминката да се чува на ладно место како на пример во фрижидер. На тој начин се продолжува нејзиниот рок на траеење бидејќи се успоруваат хемиските реакции. На висока температура хемиските реакции настануваат побрзо бидејќи доаѓа до побрзо реагирање на супстанците. Шминката е посебно склона на оксидации и затоа може лесно да се расипе.
Дури се препорачува и парфемите да се чуваат на ладно за подолго време ја зачуваат својата оргиналност. Но ако стојат подолго време во фрижидер може да се случи да се уништат и да неможете да ги користите повеќе. Затоа ако сакате да го продолжите рокот на употреба на вашата шминка чувајте ги на темно во некоја затворена кутија во фрижидерот за да не ја уништите храната од хемикалите што се создаваат а воедно и да не ја расипете шминката од мирисот што го испушта храната што ја чувате во фрижидер.