Тајните телеграми, криени повеќе од 100 години, откриле што точно се случувало со телата на луѓето кои ги изгубиле животите во една од најголемите поморски несреќи во историјата.
Оние кои ги пишувале биле уверени дека тие писма никогаш нема да бидат објавени, а во нив се открива дека капетанот на спасувачкиот брод од море сакал да извлече што е можно повеќе тела на загинати патници, без оглед на тоа во која класа патувале.
Меѓутоа, кога било воочено дека бродот Mackay-Bennett е премал за 334 пронајдени тела, капетанот донел друга одлука. На крај од бродот биле исфрлени повеќе од 100 тела, кои никогаш не се пронајдени.
Од бродот биле исфрлени телата на патниците од трета класа, како би се направило место за патниците од прва и втора класа, кои по мислењето на екипажот на бродот, имале повеќе права на достоинствен погреб.
Меѓу 116-те тела фрлени во Атланскиот океан биле и членовите на екипажот на Титаник. Телеграмите ги открил историчарот Чарлс Хас од Њу Џерси, кој со години проучува што се случувало со Титаник во неговите последни часови.