Кога ќе одлучите да започнете да вежбате, првите неколку дена се ќе ве боли, но дури и по првиот не толку интензивен тренинг, вашето тело се менува на подобро и затоа не откажувајте се од вежбањето.
Вашата ДНК може да се промени
Во една студија од 2012 година, шведските истражувачи откриле дека кај здравите но неактивни возрасни личности кои вежбаат само неколку минути може да дојде до промена во генетскиот материјал на нивните мускулни клетки. ДНК е наследен од родителите, но животните фактори како што се вежбањето може да играат голема улога во менувањето на одредени гени.
Подобро сте расположени
Кога ќе почнете да вежбате, вашиот мозок почнува да ослободува различни невротрансмитери кои го подобруваат расположението, како што е ендорфин и серотонин, кои се веќе познати како клучно значење во борбата против лошото расположение и депресијата.
Може да се заштитите од дијабетес
Исто како суптилните промени во ДНК, може да се случи мала промена во начинот на масти кои се метаболизираат во мускулите после вежбањето. Во една студија од 2007 година се наведува дека еден тренинг го намалува таложењето на масти во мускулите, со што всушност се подобрува инсулинската сензитивност. Ниската чувствителност на инсулин може да доведе до дијабетес.
Ќе имате подобар фокус
Kога ќе почнете да вежбате крвта до мозокот ја подобрува работата на мозочните клетки, поради што сте повеќе фокусирани кога ќе го завршите тренингот. Истражувачите откриле дека постои корелација помеѓу фокусот, концентрацијата и вежбањето, кое може да трае само десет минути.
Стресот полека исчезнува
Истражувачите во Америка заклучиле дека само 14 отсто од луѓето вежбаат само за да го намалат стресот. Дури и ако вежбањето за вас е стрес, вежбањето ја намалува негативноста, бидејќи поттикнува подобар крвоток во мозокот и го подобрува создавањето на едофрин.