Како измамниците од старите гуми прават „нови“
28 април, 20170
Сите гуми имаат рок на траење и би требало да се променат најдоцна до моментот кога длабочината на профилот ќе биде под четири милиметри.
Сепак, постои начин со чија помош на старите гуми може да им се врати „нов“ изглед, а често го користат измамници кои старите гуми се обидуваат да ги продаваат како нови.
Но, гумите се еден од најважните елементи за безбедност на секое возило, а ваквите гуми се многу осетливи и склони кон пукање. Тоа може да ја загрози безбедноста на учесниците во сообраќајот, па затоа треба да водите сметка од каде купувате гуми.