Човечката персонификација за смртта, популарниот “Grim Reaper” (познат како Косач), доби свој Инстаграм профил. Во прашање е секако пародија која ја прикажува смртта како чувар на плажа во Нов Зеланд.
Интересно е што за овој урнебесен профил (The Swim Reaper) одговорна е владата на Нов Зеланд.
Сакајќи да промовираат безбедност и смалување на несреќите на плажа, тие се одлучиле да се пошегуваат со своите сограѓани.
Со 171.000 следбеници на Инстаграм, смртта веќе стекна голема популарност и сите со нетрпение ја очекуваат нејзината следна авантура на плажа.