Сос за чипс

popara25 јули, 20171min00
mojo-verde-served-tortilla-chips

Потребни состојки:

  • 1 лук
  • 1 лажица сладок чили сос
  • 2 лажици кечап
  • 50 гр козјо сирење
  • малку мускатно оревче
  • Зелена салата
  • Лимон

Подготовка:

Зелената салата ситно исецкајте ја и оставете ја да одстои во лимоновиот сок до 10 минути. Исецкајте го лукот и додадете го во зелената салата. Потоа, додадете го издробеното козјо сирење, кечапот и чили сосот. Промешајте и додадете го оревчето.

Се служи со чипс или тост лепчиња. Уживајте!