Стегната кожа со помош на оризова вода

popara1 декември, 20171min00
8

Оризовата вода е многу ефикасен продукт, кој ја чисти и стега кожата, без учество на штетни хемикалии. Се разбира за да ги постигнете посакуваните резултати треба да сте редовни, бидејќи со еднаш или двапати не може да очекувате чудо. Грижата за кожата бара време и одговорност.

Процедурата со оризова вода изгледа вака:

Потребно ви е грст ориз кој ќе го ставите во подлабок сад. Измијте го и потоа наполнете го садот со вода. Така се остава цела ноќ, а утрото се загрева на телесна температура и лицето се мие со оваа вода, откако ќе ја процедите смесата. Оставете лицето да се исуши по природен пат, за да можат хранливите материи да навлезат во кожата. После дваесетина минути лицето се мие повторно со обична млака вода. Процедурата треба да се прави неколку пати неделно, за најдобри резултати.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma