Холистичкиот пристап кон здравјето и благосостојбата започнува со изборот на производи за нега на телото, кои се еднакво природни и органски како и храната што ја внесуваме во телото. Најголеми благодети ни овозможува билката алое вера.
Смирувачките својства што ги содржи алое билката се користат во многу производи за нега на кожата, кои се наменети за чувствителна, нежна и сува кожа. Таа ги обновува природните клетки, ја подобрува структурата и еластичноста на кожата, со што ја прави поцврста, помека и посветла.
За одржување на влажноста на кожата се препорачува гел од алое вера со екстракти од краставица или невен.