Колку почесто ја менувате лозинката, толку сте понебезбедни

popara12 мај, 20171min00
6

Технолошкиот шеф на National Cyber Crime Unit во британската агенција NCA (National Crime Agency), Paul Edmonds, наведува дека безбедносната индустрија им дава погрешни информации на крајните потрошувачи. При секоја месечна промена на лозинката (како што обично советува индустријата), се зголемува веројатноста дека лозинката е понесигурна.

Како пример за ваквото функционирање Edmonds го спомена PayPal. “PayPal со години не побарал од своите корисници непотребно ја сменат лозинката (…) Доколку тоа беше од суштинско значење за сајбер безбедноста, PayPal до сега ќе изгубеше многу пари и редовно ќе бараше промена на лозинките од страна на корисниците.”

Некои експерти како Edmonds сметаат дека корисниците со секоја промена несвесно бираат послаба и послаба лозинка, односно попредвидлива за напаѓачите.

Кој е во право е навистина тешко да се каже, но за почеток, преку интернет секогаш треба да се активира верификација во две фази, покрај силната лозинка која е доволно долга и користи различни знаци. Како и да е, светот на компјутерска безбедност е исклучително сложен, но денес достапните алатки стануваат се подобри, не малку по заслуга на вештачката интелигенција.

извор: setaliste.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag