Во последните неколку години многу автомобилски компании се решија да произведуваат електрични автомобили, па трендот го следат и „Toyota“ и „Mazda“. Тие потпишаа договор за формирање посебна компанија која ќе произведува исклучиво електрични автомобили.
Потпишаниот договор, доаѓа само неколку дена откако „Toyota“ најави дека ќе инвестира во „Mazda“. Сега, двете компании потпишаа договор со кој основаа нова компанија која ќе се грижи за електричните модели на двете компании.
Новата компанија се вика „EV Common Architecture Spirit Co Ltd.“ а 90% од нејзините акции припаѓаат на „Toyota“, додека по 5% делат „Mazda“ и „Denso“.
Автомобилите од новата компанија ќе бидат произведени на истата платформа која ја користи електричниот модел Toyota Prius.