Тренинг по скали за фантастично тело

popara26 мај, 20171min00
9

Постојат голем број изговори и причини зошто сè уште не сме почнале редовно да вежбаме. Но, доколку погледнеме реално, ниту една од тие причини не е вистинска и само се лажеме себеси. Најчестите изговори се немањето време и простор, па затоа овој пат ви го препорачуваме вежбањето на скали.

Качувањето по скали ги раздвижува мускулите на долниот дел од телото, па затоа е одличен особено за женскиот пол. Ова е пример за еден комбиниран тренинг:

1. Загревање, барем 5 минути. Вежби за размрдување и бавно качување по скалите.

2. Качување на секоја втора скала. Направте 4 серии по 20 чекори со двете нозе.

3. Скокови со двете нозе на секоја скала, со чучнување. Направете 4 серии по 15 скока.

4. Брзо искачување на скалите со бавно спуштање назад. Направте 4 серии по 50 чекори со двете нозе.

5. Скокови на секоја втора скала. Направете 4 серии по 10 скока.

6. Брзо качување и брзо спуштање. Направете 4 серии.

7. Истегнување, околу 5 минути.

Методот на вежбање е кружен, што значи дека ги повторувате сите вежби по ред, 4 пати. Овој тренинг ќе ви одземе околу 30 минути дневно, а можете да го правите во вашата куќа или во влезот на вашата зграда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag