Хорасио Виљегас, човекот што ја предвиде победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори, сега тврди дека третата светска војна ќе почне на 13 мај, на 100-годишнината на појавувањето на Блажена Дева Марија, објави лондонскиот таблоид „Мирор онлајн“.
Тој е убеден дека тоа ќе биде нуклеарна војна, што ќе трае до 13 октомври.
– Луѓето треба да бидат подготвени со оглед на тоа што не чекаат разорувања, шокови и смрт, наведува Виљегас.
Таблоидот посочува дека Виљгас претходно предвиде дека американскиот претседател ќе ја нападне Сирија.
Виљегас исто така предвидува дека светскиот однос на силите ќе ги доведе Русија, Кина и Северна Кореја во глобален судир со смртоносни последици.