Twitter поопасна социјална мрежа од сите останати!

popara14 јули, 20171min00
8

Твитер е онлајн дестинација каде можете да бидете во чекор со случките на познатите, но и со податокот што појадуваше вашиот пријател. А, пак, во зависност од тоа колку луѓе ве следат на Твитер, толку индексот на општествен успех ви е повисок.

Но, дали оние што ве следат на Твитер се искрено тоа што мислите дека се?

Не секогаш, но, многу од нив се тука со намера да го заразат вашиот компјутер со вируси. Просечните корисници имаат можност да добијат и до 17 опасни „Твитови“ на ден.

Навиката на корисниците на Твитер да праќаат скратени интернет линкови ја прави услугата особено опасна, па затоа деновиве излезе софтвер чија цел е да ги лоцира сајбер-криминалците и да не заштити од нив.

Најчесто се работи за линкови со ветувачка содржина, кои откако ќе ги отворите, го претвораат вашиот компјутер во зомби, управуван од интернет криминалците.

Техничкиот менаџер на „BitDefender“, Каталин Косои изјави дека според нивните статистики, 1% од сите „твитови“ пратени во еден ден се опасен софтвер, или со бројки тоа би било околу 3,5 билиони заразни пораки. Навистина повеќето се само „спамови“, но има и доста што можат веднаш да го уништат софтверот на вашиот комјутер.

Новите услуги на заштитниот софтвер „SafeGo“ треба да ве известат моментално, доколку вашиот нов следач на Твитер е сомнителен.

И еден совет: Најмногу внимавајте на оние кои нудат работа од дома и каде треба да платите членарина, па да започнете да работите. Овие наводни работодавци само чекаат да ги добијат податоците од картичката и подоцна да манипулираат со нив.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag