усамово масло против забоболка

popara8 јуни, 20171min00
6

Сусамово масло е едно од најдобрите природни средства кои се користат за зачувување на орална хигиена. За време на експеримент спроведен со студентите во Ајова, подложени на тоа да ја измијат устата со сусамово масло, е забележано 85% намалување на бактериите кои предизвикуваат гингивитис.

Научниците откриле дека маслото од сусам е идеално средство за заштита на орална хигиена, способно да го подобри здравјето и намали опаѓањето на забните корени и веројатноста од болести на непцата. Утврдено е дека тоа помага и за намалување на кариесот.

Сусамовото масло има и смирувачко дејство, пример – за забоболка се препорачува триење на сусамово масло во венецот над болниот заб.

Добра превенција и разумна грижа за орална хигиена е жабурењето со сусамово масло. Се препорачува секојдневна “бања” на устата со сусамово масло за неколку минути – 1 лажица студено пресовано сусамово масло се жабури енергично како се поминува и помеѓу забите, по што се плука, а устата се плакне со млака вода.