Сé што треба да знаете за годината што ви претстои.
Овен
Прифатете: Спојување со други во моќна комбинација како животен стил – ќе стигнете далеку со комплементарна сила на ваша страна!
Ослободете се од: Не пробувајте да го промените (или изградите) светот во еден ден.
Позната личност во овој знак: Скај Џексон (8 април)
Бик
Прифатете: Здрави ритуали и навики што прават да се чувствувате секси во сопствената кожа.
Ослободете се од: Да се плашите премногу за иднината – живејте ден за ден.
Позната личност во овој знак: Џиџи Хадид (13 мај)
Близнаци
Прифатете: Легендарна оригиналност – вашето име ќе го изговараат сите оваа година.
Ослободете се од: Не дозволувајте други луѓе да летаат на вашите крилја.
Позната личност во овој знак: Анџелина Џоли (4 јуни)
Рак
Прифатете: Нека биде вашиот дом ваш замок. Ви треба приватност. Точка.
Ослободете се од: Играње на улогата на спасител за пријатели кои имаат потреба и комплицирани роднини.
Позната личност во овој знак: Ариана Гранде (26 јуни)
Лав
Прифатете: Пристапот „пробајте пред да купите“ – бидете дилетант оваа година.
Ослободете се од: Прекумерната употреба на „емотиконки“.
Позната личност во овој знак: Кајли Џенер (10 август)
Девица
Прифатете: Неспоредливата сестраност на црните хеланки, нека ви биде 2017 година на комфортот и ефикасноста.
Ослободете се од: Судењето како одбранбен механизам – и тоа уште пред да сте ја пробале работата!
Позната личност во овој знак: Зендаја (1 септември)
Вага
Прифатете: Следете ги вашите страсти и соништа без да се извинувате на другите.
Ослободете се од: Претрупување на вашиот распоред така што немате време за себе.
Позната личност во овој знак: Ким Кардашиан (21 октомври)
Шкорпија
Прифатете: Полабав, послободен распоред на вашето време што ќе остави простор за спонтаност.
Ослободете се од: Престанете да фрлате сомнеж на невините.
Позната личност во овој знак: Ема Стоун (6 ноември)
Стрелец
Прифатете: Сé што е колективно – соработки, живеење заедно, делење превоз и активизам во заедницата.
Ослободете се од: Фиксирање на завршетокот и заборавање да уживате во процесот.
Позната личност во овој знак: Тејлор Свифт (13 декември)
Јарец
Прифатете: Отклучете ја вашата повисока свест (и релаксирајте се!) со медитација и метафизика.
Ослободете се од: Престанете да разговарате за статусот.
Позната личност во овој знак: Габи Даглас (31 декември)
Водолија
Прифатете: Глобален номадски статус – имајте повеќе печати во пасошот оваа година!
Ослободете се од: Стравот од преземање водство – со твоите високи идеали, луѓето тебе те чекаат, водолијо.
Позната личност во овој знак: Ема Робертс (10 февруари)
Риби
Прифатете: Делувајте повеќе дрско – тоа ќе ги држи сите непосакувани додворувачи подалеку од вас.
Ослободете се од: Сексуалните инхибиции: кога се чувствувате жешко, не се воздржувајте.
Позната личност во овој знак: Ријана (20 февруари)