Внимавајте што купувате: Клонови на Galaxy S8 веќе се достапни на пазарот

popara2 март, 20171min00
14

Додека сите со нетрпение го очекуват претставувањето на најновиот паметен телефон од Galaxy S семејството на Самсунг, некој се потрудил да произведе негова копија и тоа многу порано од оригиналот.

Станува збор за кинески паметен телефон кој што е копија на најмоќниот телефон на Самсунг кој што наскоро треба да биде претставен.

Иако ваквите паметни телефони пристигнуваат по далеку пониска цена, сепак има неупатени корисници кои што не ја следат технологијата толку, па цената ќе ги залажи и на крајот ќе купат кинеска копија на посакуваниот производ.

Во Кина веќе може да се набави новиот Samsung Galaxy S8, еден од најисчекуваните модели кој што треба да се појави на пазарот за неколку месеци.

Цената на овој телефон изнесува само 100 долари, па затоа „наивните“ корисници посебно треба да внимаваат, затоа што станува збор за многу лоша но и  евтина копија.

Кога ќе го погледнете видеото, ќе сфатите дека кутијата од производот изгледа прилично веродостојно, а тоа што ќе го добиете кога ќе ја отворите кутијата ќе ве остави без коментар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag