Во клавир пронашле речиси 6 кг злато!

popara24 април, 20171min00
1

Шест килограми злато случајно се откриени во клавир во едно британско училиште. Пронајдени се 913 златници, но никој не знае на кого припаѓаат.

Златото е откриено минатата година кога клавирот бил испратен на поправка. Откриени биле 913 златници и други ковани пари од 19 и 20 век.

Судски функционери го прогласиле златото за наследство, што значи дека му припаѓа на Круната и дека ќе биде понудено на продажба во музеите.

После спроведена опсежна истрага не било откриено на кого му припаѓа златото.

Училиштето во чија сопственост е клавирот може да очекува добивка од наградата.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma