WhatsApp ги здружи силите со Google Maps и Facebook за да им овозможи на корисниците нова опција за споделување на локацијата во реално време..
Опцијата од денес е достапна за сите корисници на уреди со Android и iOS оперативните системи. Се активира преку чет, а сè што е потребно е да кликнете на Attach и да одберете Location.
Тогаш ќе се појави новата опција за споделување на локацијата во живо.
Live Location е видлив само за учесниците во конверзацијата. Доколку повеќе корисници ја споделуваат истата локација, секој ќе биде видлив на мапа.