Една девојка од Сеул во Јужна Кореја нема по добро да го памти 17 јануари оваа година. Таа тој ден имала причина за радост, но и големо разочарување.
Причината за радост е фактот што од својот дечко на подарок за 21 роденден добила нов автомобил, за потоа, за жал, да го искрши само 10 минути подоцна во сообраќајка.
Фотографијата е објавена месец дена подоцна, бидејќи, како што рекла, долго криела од својот дечко дека автомобилот бил искршен.
Можеби тоа би останало тајна, ако тој не ги видел двете фотографии во нејзиниот мобилен телефон. Потоа направил компилација од двете фотографии и ги објавил на интернет.