Занимливости Цени на такси услугите низ светот: За едно евро ќе се возите 10км

popara22 август, 20171min00
5

Сите сме имале ситуација кога сме ја платиле такси-услугата малку повеќе. Сепак, треба да знаете дека цените на таксито од земја до земја (драстично) се разликуваат, па така доколку таксиметарот некаде отчукува астрономски износ, тоа воопшто не треба да ве зачудува.

Извршена е споредба на цените во 80 града низ светот, Лондон е дефинитивно меѓу најскапите, а во Каиро можете да се возите речиси за џабе.

10 града во кои такси-услугите се најевтини (цена по километар): 

•    Каиро – 10 центи
•    Бангкок – 15 центи
•    Москва – 23 центи
•    Мексико Сити – 23 центи
•    Џакарта – 26 центи
•    Бангалор – 26 центи
•    Мумбај – 27 центи
•    Пекинг – 29 центи
•    Куала Лумпур – 32 центи
•    Букурешт – 36 центи

Таксиметарот во Швајцарија подобро да не го погледнувате бидејќи од сумата во Женева и Цирих ќе ви се заврти во главата. Погледнете ја листата со градови каде што такси-услугата е најскапа.

•    Цирих – 4,47 €
•    Женева – 2,86 €
•    Токио – 2,5 €
•    Лондон – 2,4 €
•    Берлин – 2 €
•    Амстердам – 2 €
•    Келн – 2 €
•    Копенхаген – 1,9 €
•    Антверпен – 1,94 €
•    Штутгарт – 1,94 €

 

previousЖена во американската сојузна држава Мичиген прогласена е виновна за убиство на сопругот, а случајот привлече внимание кај медиумите, затоа што сведок на злосторството бил папагал. Глена Дурам пет пати пукала во својот сопруг Мартин, а потоа се обидела да се самоубие. Папагалот од тогаш често ги повторува зборовите:„Не пукај“, тврди семејството на убиениот сопруг. Судијата на самиот почеток на процесот ја разгледа можноста дека користи „докази“ од папагал, но од тоа отстапи, јави Би-Би-Си. Поротата ја прогласи Глена која сакала да направи самоубисто за виновна и таа чека изрекување на висината на казната. Нивниот домашен миленик остана кај родителите на убиениот, кои велат дека животното очигледно присуствувало во конфликтот и ги запомнило зборовите кои биле користени пред крајот на крвавиот конфликт. – Јас сум уверен дека бил присутен и затоа ги повторува тие зборови кои ги слушнал, рече таткото на убиениот кој многу бил поврзан со папагалот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *