
Малиот Китон Џонс од Тенеси, САД го допре светот со приказната за малтретирање со која се соочуваше на училиште. Во видеото споделено од неговата мајка на социјалните мрежи кое е погледнато илјадници пати, Китон зборува за навредите и понижувањата од страна на неговите соученици.
Мајката на момчето го објави видеото во петокот, каде што напиша дека тој сакал да се врати порано од училиште, бидејќи се плашел да има ручек таму.
“Само од љубопитност – зошто ме мачат на училиште, која е поенатата?”
Тоа не е во ред. Се подбиваа со мојот нос, ми кажаа дека сум грд и дека немам другари… Ме истурија со млеко, ми ставаа шунка во панталоните и фрлаа леб на мене, раскажуваше Китон.
Но, поддршката и добрината која тој ја доби беше засенета од скандалот на мајака на Китон. Кимберли Китон беше обвинета дека е расист и дека го експлоатира нејзиниот син, обидувајќи се да собере пари за донации, објави The Indipendent.