Жена од Кина роди близначки, шест дена откако доби син

popara3 март, 20171min00
1

Триесетгодишна жителка на централната кинеска покраина Хабеј родила близначки шест дена откако на свет донела момченце, објави во вторникот агенцијата China News Service.

Случајот се случил во градот Јичанг, а мајката за агенцијата изјавила дека таа се омажила во 2012 година, но долго време не можеле добијат дете. Во август таа 2016 година таа била на третман во градот Вухан, административниот центар на покраината Хабеј, по што забременила со тројки.

Таа потврдила дека момченцето со тежина од 1,44 килограми го родила на 21-ви февруари, но породувањето било прекинато. Нејзиниот акушер донел одлука да ја продолжи бременоста. Минатиот понеделник, на 27-ми февруари, таа ги родила девојченцата близначки.

„Мечтаев за дете, кога не можев да забременам. Сега ги имам три, и сега не знам како ќе е снајдам“, рекла мајката за агенцијата.

Децата сега се наоѓаат во реанимација. Според акушерката, ова е негов прв ваков случај во текот на дваесетгодишната пракса. Таа истакнала дека жената била бремена со ткн дизиготни тројки, односно момченцето се развивало во друга фетусна мембрана, одделно од неговите сестри близначки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag