Добро е познато дека раѓањето на детето е чудо, а понекогаш и породувањето се претвора во феномен. Едно такво чудо се случи токму пред една година во болница во Хонг Конг, каде што мајката не издржа и умре откако роди здраво момче.
Според лекарите кои присуствувале на пораѓајот, по раѓање на момчето, жената одеднаш починала. Никој не знаел што ја предизвикало нејзината смрт и пробувале на сите начини да ја оживеат. Па дури и нејзиниот син.
Она што новороденчето го направило може да се нарече чудо. Имено, како што пренесува NTD телевизијата од Њујорк, момчето ја ставило раката на челото на својата мајка и плачело на уво.
По некое време жената ги отворила очите. Се чини дека неговиот плач ја вратил од мртвите. Откако ги отворила очите, успеала да го поздрави својот син за прв пат.