Жените ги помнат мажите што им го скршиле срцето…

29 јуни, 20170
10

Жените не ги помнат очите на добрите…Ги помнат мажите што им го скршиле срцето…

Ова не можам да си го објаснам. Нема никакво логично објаснување. Сите ние сакаме да бидеме сакани, респектирани, разгалени. Тоа го сакаме, но што всушност правиме?

Ние жените ја сакаме драмата. Сакаме да ни е гадно. И да сме жртви. Да тешко е и нејасно за разбирање, за прифаќање и асимилирање, но така е.

Ако имаме маж, кој ни звони само да ни го чуе гласот, ќе го обвиниме за чуден или досаден. Но ако сака да пие пиво петок навечер со другарите, тогаш тој не ни посветува доволно внимание.

Ако ни подарат цвеќе без причина, тогаш ние ќе најдеме таква – цвеќето е начин за реванш, тој изневерил, нерсреќникот.

Ако пак не ни подари ништо, тој не се интересира доволно од нас и не не цени.

Ако некој ни зборува мило и вљубено, си мислиме, зарем со овие евтини трикови и слатки зборови си мисли дека ќе ме однесе во кревет? Но ако човекот до нас не зборува за чувствата, тогаш тој значи не искористува, не не сваќа сериозно и е безчувствително копиле.

Ние жените сакаме интрига. И ако нема таква, тогаш ја бараме или создаваме. Ние жените сакаме драма…и солзи…

И воопшто не сме најасно со себе си. Ако го добиеме тоа што го сакаме, тоа не е доволно и брзо ни здосадува. А ако еден маж се однесува како идиот тогаш ние воздишуваме како глупачки.

Ако еден маж не пројави интерес кон нас, точно него го сакаме. И како партали се влечиме по него. Опрадување. Можеби бил зафатен и затоа не се јајвува. Можеби нешто се случило, некој инцидент…Ајде подобро јас да му се јавам…

Зошто вака?! Ако за некој сме принцези, не…ние бараме да бидеме нечиј партал…

А кога ќе станеме партал, плачеме за нежен принц…и после пак партали…Круг…Човек секогаш го сака тоа што го нема, макар и цената што ја плаќа е да биде партал. Абсолутно нелогично нели?

Ние жените сме чудно создание и тоа е…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi