Секогаш кога не знаете што да облечете – слободно препуштете и се на црната боја! Со неа не може да направите грешка, колку таа е сериозна, толку е и елегантна, а може да биде секси и спортска …Сè зависи од тоа како ќе ја вклопите, кое парче ќе го одберете и со какви детали ќе ја искомбинирате.
Без оглед на вашиот стил, секоја жена треба да има барем едно од следните 10 парчиња во црно – тие се вечни и секогаш можат да се вклопат во сите трендови кои што доаѓаат и си одат!
- Црн капут
Не постои комбинација во есен и зима која што нема црниот капут да ја направи комплетна и совршена, без разлика дали стаува збор за чиста елеганција или целосно релаксиран стил.
https://www.instagram.com/p/Bpq-JIBAeaI/?utm_source=ig_embed
- Црна кожна јакна
Моќно парче кое се вклопува баш во сите стилови!
- Црни панталони
Од моментот кога ќе посакате да изгледате елегантно, до моментот кога не знаете што да облечете, црните панталони секогаш ја спасуваат ситуацијата и тоа на најубав начин!
Без разлика дали се лабави или лелеави, тексас или кожни…
Црните панталони се секогаш полн погодок!
- Црн џемпер или ролка
Парче кое во себе ја носи едноставноста, а воедно и е незаменлива класична елеганција, а исто така се вклопува со сè.
- Црна кошула
Кога велиме бизнис мода, првата асоцијација е, се разбира, црната кошула.
Покрај со класичните костими, исто така, совршено се вклопува со фармерки, здолништа … Буквално, со секое парче и во секоја пригода!
- Црна маица
Наједноставната црна маица е една од парчињата што секоја жена треба да ја има и тоа неколку.
- Црн фустан
И, стигнавме до омиленото парче на многу жени – црниот фустан! Без разлика дали станува збор за прочуениот краток црн фустан, или некој подолг, широк или тесен, со него едноставно не можете да направите грешка.
- Црна ташна
Вечна класика на милион начини. Толку.
- Црни чизми
Нема ништо потешко од изборот на само еден пар црни чизми! Дефинитивно, тие се меѓу најелегантните обувки што постојат и секоја дама го има својот омилен пар.
- Црни салонки со високи потпетици
Тие се идеални буквално за секоја пригода – од дискретни, елегантни украси на бизнис комбинацијата до моќно оружје на секоја заводничка!