Анастасија Ражнатовиќ за својот стајлинг: Не ми е важно колку нешто чини, важно ми е дали убаво ми стои!
29 март, 20180
Манекенската кариера на Анастасија Ражнатовиќ тргна во нагорна линија откако нејзината фотографија заврши во едно од најпрестижните модни списанија во светот „Вог“, а наследничката на Цеца не крие дека и тоа како и се допаѓа што многу девојки на Балканот во неа гледаат пример, посебно на полето на стајлигот.
Иако во рамките на бројните кампањи на кои работела Анастасија носи прилично скапи парчиња облека, таа тврди дека тоа не и е случај во секојдневниот живот.
„Приватно, се облекувам во повеќето достапни брендови. Не ми е важна цената. Важно ми е да ми се допаѓа и да можам парчињата да ги искомбинирам и секако, убаво да ми прилегааат“ – откри Анастасија.