Некогашниот совршен пар долго време отворено војуваат, а сега нивните деца ги сносат последиците.
Според порталот US Weekly, Анџелина Џоли, наводно, му кажала на 15-годишниот посвоен син Пакс дека Бред Пит никогаш не сакал да го посвои.
За да бидат работите уште полоши, актерката му кажала на синот дека Бред бил многу лут кога дознал дека продолжила со постапката за посвојување.
„Ова ужасно го наруши односот на Пакс и Бред, иако актерот експлицитно го негираше ова тврдење„, велат извори од US Weekly.
Бред беше загрижен бидејќи Пакс тогаш имаше само 3 години и не го зборуваше нивниот јазик. Сето ова се случило само една година откако го добиле првото заедничко дете, ќерката Шајло.
Анџелина, наводно, во тоа време тврдеше дека му била повеќе потребна на Пакс отколку на Шајло.
„Поради ова, тие за малку ќе се разделеа“, велат извори.
Тие имаат шест деца, од кои посвоени се Медокс (17), Пакс (15) и Захара (13), додека Шајло (12) и близнаците Вивијан и Нокс (10) се нивни биолошки деца.