Доста беше: Кејт Мос одлучи да им каже НЕ на пороците кои и го променија животот!

18 декември, 20180
kate 0

Сега може да се пофали со начинот на живот.

Познатиот топ-модел Кејт Мос (44), одлучи да ги промени своите животни навики. Една од најпознатите манекенки во интервју за едно британско списание откри дека повеќе не оди на ноќни забави, престанала да конзумира алкохол и дрога и дека се одлучила за поздрав начин на живот.

Сфатив дека морам да се грижам повеќе за себе. Секојдневно одам на јога. Не одам на ноќни забави толку често како порано, повеќе се грижам за својата кожа, која за некое чудо ги издржа сите мои лудории.“ признава Кејт.

Но, тоа не е се што сподели со публиката.

„Лошите работи што ги направив и погрешните одлуки што ги носев ме поразија, но среќа што барем сега решив да се смирам.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *