
Убавиците после годишната ревија на Vicoria Secret отидоа на заслужен одмор! Многу од нив уживаат во егзотичните дестинации.
Некои од најубавите и најпознатите модели во светот, по напорните подготовки и реализација на ревијата за Vicoria Secret, отидоа на заслужен одмор.
Сара Сампајо отиде во Тулум, Мексико,заедно со нејзиното момче Оливер Рипли, каде што ужива на белиот песок и забави до зори.
„Конечно можам да земам здив“, напиша убавицата на една од фотографиите што ги објави на Instagram.
Нејзината колешка Лаиса Рибеиро своите слободни денови ги поминува во родниот Бразил.
Убавата русокоса Џоси Кансеко се одмара на Бахамите со пријателките.