Audi Q1 SUV ќе пристигне во 2020-та

popara27 март, 20181min00
3

Фамилијата SUV модели на Audi и официјално ќе се прошири со уште еден член – најмалиот Q1 SUV на кој му е дадено зелено светло за продукција и на пазарот треба да се појави пред крајот на 2020.

Германскиот бренд најверојатно ќе ја користи следната верзија на нивниот популарен супермини модел A1 (забележан за време на зимските тестирања) како основа на идниот „бебешки“ SUV, со кој ќе дели голем дел од своето ДНК како и стилски елементи.

И двата модели ќе бидат базирани на најмалата верзија на MQB платформата на VW Group, која се наоѓа под најновите SEAT Ibiza и VW Polo, што значи дека Q1 ќе ја користи најновата генерација на бензинските и дизел мотори на VW Grop, кои вклучуваат 3-цилиндричен 1.0 литарски и помоќен 1.5 литарски турбо бензински мотори, како и 1.6 литарски дизел.

Додека да пристигне на пазарот, најверојатно ќе биде возможно во него да се вгради и хибридна технологија.

Q1 нема да биде единствениот нов SUV кој ќе следи од Audi – најавен е и сосема нов Q4, како и Q8 кој ќе биде ривал на Range Rover моделите. Во план е и производство на верзии со високи перформанси на Q3, Q5 и Q8.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag