Време е да го обновите вашиот несесер со производи кои во ладните денови ќе ги истакнат убавините на вашето лице.
Не грижете се, не е неопходно да го промените вашиот комплетен асортиман на препарати за шминкање со секоја нова сезона.
Точно, би било добро да ги замените боите на кои се потпиравте во жешките летни денови со оние затворени – бронзени, кафеави и црвени (нијанса на тула) кои се вашите најдобри пријатели, пишува Cosmopolitan.
Ги избравме овогодишните must-have избори на уредникот за убавина, што значи дека можете да се релаксирате и да се опуштите, бидејќи вие сте навистина во најдобрите раце.
Погледнете ги и заљубете се во нив, исто како што направивме и ние.
Црвило што се прелева во најубавите нијанси на виножитото
Доколку го нанесете ова корално руменило во текот на денот во летниот период, ќе изгледате како да истрчавте маратон. Но, ако го распрснете преку вашите слепоочници и јаболчници кога ќе стапат во сила пријатните есенски температури, ќе добиете прекрасен розеникав сјај што ќе го отвори и ќе го освежи вашето лице.
Палета на сенки во земјени тонови
Теракота е зборот што го баравте. Светкавите и мат нијанси, како што се брусница, бакар и костен, ќе ви дадат неограничен број на есенски изгледи кои се лесни за примена.Побарајте мини слатко пакување и ќе имате неоптеретувачки сојузник до вас секогаш кога ќе посакате.
Воздушен кремаст коректор
Посвежото време нема да биде толку пријатно за сувата кожа во смисол дека шминката ќе навлегува во фините линии. Решението е во крем коректорот кој нема само лесна текстура, туку и ја дава потребната доза на хидратација. Неговата листа на состојки, најверојатно, ќе содржи масло од печурки и авокадо што ќе ги измазнува фините линии и омекнува сувите делови на лицето. Витаминот Е, кој е најважен за исхраната на иритираната кожа, секако е добредојден.
Неутрален лак за нокти
Најкомпатибилен следбеник на пониските температури се лаковите за нокти со висок стил. Загасито розева, маслинеста или раскошно бакарната боја ќе ја осветли темната сезона.
Течен кармин
Полумат и неверојатно пигментиран, долготраен хидрантен кармин ќе биде џокер картичка кога сакате нешто помеѓу сјај и балзам. Тие постепено бледеат, оставајќи силен траг зад нив. Фокусирајте се на најдлабоката бордо нијанса што можете да си ја замислите, потоа чоколадо кафеава и капина.