СЕ СРАМЕШЕ на дел од нејзиното тело и вешто го криеше: Оваа МААНА Мерилин Монро ја бришеше од СИТЕ нејзини фотографии!

21 август, 20180
m3

Никој не се ни посомневал дека една од најубавите жени во светот го криела овој комплекс.

За време на нејзината петнаесетгодишна кариера, славната дива Мерилин Монро “одработи” многу малку разголени фотографии.Во незавршениот филм “Something’s Got to Give”, се бањаше топлес, а гола му позирашена фотографот Берт Стерн за серијата фотографии Last Sitting, објавени во американскиот Vogue во 1962 година.

Тоа беше нејзиното последно позирање пред нејзината смрт на 5 август истата година.

Мерилин беше секс симбол на нејзиното време, а нејзиниот изглед беше секогаш совршен, или барем јавноста така ја доживуваше. Сепак, реалноста беше малку поинаква.Прекрасната актерка на стомакот имаше прилично голема лузна, како потсетник на операција на жолчката, на која таа беше подложена малку пред фотографирањето за познатата серија на фотографии.

Добитничката на “Златен глобус” за најдобра главна актерка многу се срамеше од лузната, а пред да застане пред фотоапаратот на Берт Стерн мораше да ја смири нејзиниот фризер и да ја увери дека сеедно изгледа фантастично.

Сепак, Стерн ја забележал во најмала рака, но главната уредничка на Vogue се вмешала, познатата Дајана Вриленд, со зборовите: Ништо не е поздодевно од совршената женска кожа. Жените со лузни се преубави.

Колку и да звучеше охрабрувачки, Стерн на крај ја избришл лузната од поголемиот дел од фотографиите, а лузната не е видлива ни на фотографиите од филмот Something’s Got to Give.

Иронично, на снимањето на истоимениот филм, за првпат Мерилин доби дозвола да го прикаже папокот, за кого самата актерка коментираше со зборовите: Изгледа тие што цензурираат конечно сакаат да признаат дека и жените имаат папок!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi