Летото пристигна, а фустанот е еден од најомилените женски парчиња, кој на изгледот му дава опуштеност и елеганција.
Освен тоа што летото официјално пристигна, понудата на фустани е разновидна, меѓу кои сигурно се крие и една која совршено ќе и одговара на вашата фигура, пишува стил.курир.рс
Ви претставуваме три модели на фустани кои се непогрешен избор за дами:
Фустан на преклоп
Овој крој одлично ја нагласува половината, а може да се носи со рамни обувки и да добиете одлична, удобна дневна варијанта, но и со високи потпетици, со кои ќе добиете одлична комбинација за вечерниот коктел со другарките.
Фустан со A крој
Овој крој ги покрива сите недостатоци, и изгледа одлично и како подолга или пократка опција. Одговара со секаков тип на чевли, а ваквиот фустан можете да го носите во поголемиот дел од годината.
Малиот црн фустан
Ова е фустан што секоја жена мора да го има во гардероберот. Малиот црн фустан секогаш е добар избор кога не знаете што да облечете, а поради неговата неутралност, лесно се комбинира со различни модни додатоци и чевли.