Бил Гејтс откри кои шест иновации ќе го сменат светот

popara9 јануари, 20181min00
1089577_bil-gejts_ff

Еден од најбогатите луѓе на светот и основач на Микрософт, Бил Гејтс, открил кои шест иновации кои според негово мислење може да го сменат човештвото.

Поголем дел од неговата листа немаат врска со компјутери, туку со нашето здравје и подобрување на животот.

  1. Подобри складишта за вакцини – вакцините спасуваат милиони животи низ светот, но брзо се расипуваат ако не се чуваат на правилна температура. група научници од Сиетел, креирале иновативен ладилник наречен MetaFridge, кој е специфичен по тоа што може да остане ладен иако е долго без струен напон. Ладилникот работи исто така и со преносен вентилатор, што овозможува пренос на вакцините на далечни локации и лесна достапност до децата во рурална средина.
  2. Едитирање на гени – замислите иднина во која би можеле да се земе ДНК од болна личност, да се отстранат клетките кои предизвикуваат болест и на тој начин да се излечат. Гејтс објаснува дека едитирање на гени е уште во рана фаза на развој и со себе го повлекува прашањето дали оваа технологија ќе се користи на одговорен и етички начин.
  3. Соларно гориво – ако сакаме да се решиме од нашата зависност од фосилно гориво и климатските промени кои тоа ги предизвикува, треба да имаме повеќе пристапи. Неодамна ја посетил лабораторијата во Калтек институтот, каде научници се обидуваат да најдат начин да ја претворат сончевата енергија во гориво. Уште сме далеку од моментот каде автомобилите ќе се движат на соларно гориво, но креативниот пристап на научниците, дава надеж дека во блиска иднина ќе се најде решение.
  4. mRNA вакцини – голем дел од денешните вакцини се користат за ослабување или неактивни форми на вируси, со што го поттикнуваат нашиот имунитет да произведува антитела и да спречува болести. Меѓутоа, сега научниците се обидуваат да го искористат генетскиот материјал, кој би можел поевтино да го забрза развојот на нови вакцини. Ако се успее на тој начин да го научиме нашето тело да креира сопствен одбранбен механизам, тоа ќе помогне за потполно спречување на појава на нови болести.
  5. Подобрување на внесувањето нa лекови – ако мора секој ден во исто време да пиете лекови, сигурно знаете колку е лесно да заборавите да се напиете апче. Една компанија направила мал уред кој се вградува под ловечката кожа и полека ослободува лек во крвотокот во текот на одреден временски интервал. Има неколку начини на кои оваа технологија може да се искористи при превенција и контрола на болестите, а Гејтс истакнува дека овој уред би бил посебно корисен за лицата кои се изложени на ХИВ вирусот. Еден ваков инплант, би можел да го штити заболениот од ХИВ во текот на целата година.
  6. Вештачка интелигенција – од сите иновации на листата, Гејтс смета дека оваа ќе предизвика најголема трансформација. Но и покрај тоа, ќе мора да се обрне внимание на ова, затоа што и покрај напредокот кој ќе се постигне, автоматизацијата ќе предизвика губење на одредени работни позиции. Тој смета дека вештачката интелигенција ќе го направи нашиот живот попродуктивен и полесен.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag