Билет за среќа

popara2 ноември, 20181min00
fgrsd

Еднаш, кога бев тинејџер, татко ми и јас стоевме во редот за влез во циркус. Конечно, по долго чекање, пред нас остана само уште едно семејство кое што навистина ми се допадна.Имаше осум деца, веројатно сите беа помлади од дванаесет години. Беше очигледно дека не беа многу богати. Нивната облека не беше скапа, но беше чиста. Децата беа добро воспитани. Стоеја во парови зад нивните родители, држејќи се за раце. Тие возбудено разговараа за кловнови, слонови и други учесници во циркузот кои што ќе ги гледаат вечерва. Од нивното однесување беше јасно дека порано не биле во циркус. Ова требаше да биде врв на нивните млади животи.

Таткото и мајката гордо стоеја пред нив. Мајката го држеше таткото за рака, гледајќи го во очи како да му вели: Ти си мојот витез на бел коњ. Тој се насмеа и гордо се исправи, гледајќи ја како да и вели: Па, секако дека сум.

Продавачот го праша таткото колку билети му се потребни . Тој со гордост одговори: Дајте ми, осум детски и два билети за возрасни, за да можам да го однесам моето семејство во циркусот.Продавачот ја кажа цената. Човекот немаше доволно пари. Како сега би можел да се сврти и да им каже на своите деца дека нема доволно пари за билети во циркусот?

Забележувајќи што се случува, татко ми ја стави раката во џебот, извади од паричникот 20 долари и ги фрли на подот. Воопшто не бевме богати. Потоа се наведна, ја зеде банкнотата, го фати човекот за рамото и рече: „Извинете, господине, ова падна од вашиот џеб“.Човекот знаеше што се случува. Тој не побара милост, но сигурно ја ценел помошта во очајната, искрена и непријатна ситуација. Тој го погледна мојот татко во очи, цврсто го фати за раката стискајќи ја банкнотата од 20 долари. Додека му се слеваше солза по лицето, со трепет на усните одговори:- Ви благодарам, господине. Ова навистина значи многу за мене и за моето семејство.Татко ми и јас се вративме во автомобилот и возевме дома. Таа вечер ние не отидовме во циркус, но не бевме залудно таму.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag