Брза диета – Победете ги килограмите со помош на лимон

28 март, 20180
1

Диетата на база на лимон е одлична за чистење на организмот од собраните отрови . А, со нејзе и ќе ослабите, до два килограми за седум дена.

Добрите страни на оваа диета е што добивате многу витамин Ц, Б и реткиот витамин П. Лимонадата има полно минерали (бакар, натриум, калциум и железо), протеини и јаглени хидрати. Калиумот кој се наоѓа во лимонот, ја подобрува работата на нервните ќелии и функцијата на мозокот. Калциумот е познат по здравите ефекти врз забите и коските, исто така добрата концентрација се крие во лимонот.

Избегнувајте бело брашно

Во текот на оваа диета може да ги јадете сите производи кои не се фабрички обработени и кој не содржат конзерванси, емулгатори, стабилизатори и слични материи. Производите од бел шеќер и бело брашно не треба да се јадат. Количините на храна не се ограничени.

Секое утро исцедите пет до шест лимони во литар вода. На почетокот на диетата може да исцедите само еден, па како проаѓаат деновите да додавате по еден лимон, максимум шест. Пијте лимонада без шеќер пред секој оброк.

За појадок секој ден пијте чај со лимон и лимонада без шеќер и јадете двопек или интегрален кекс.

Прв ден

Ручек:овошна салата со лимонов сок, ориз, немасно сирење, зелена салата со лимон.

Вечера:Варен спанаќ зачинет со лимонов сок и маслиново масло, јајце на око или варено јајце, интегрален леб.

Втор ден

Ручек:ослич или скуша со малку масло и лимон, варени брокули, интегрално пециво.

Вечера:пилешко бело месо, печени пиперки со малку масло и лимонов сок, интегрален леб.

Трет ден

Ручек:овошна салата со лимонов сок, шпагети со сирење зачинети со малку лимонов сок.

Вечера:ориз со морски плодови и лимон.

Четврт ден

Ручек:салата со маслиново масло и лимонов сок, сирење, интегрален леб.

Вечера:риба, домат, салата од компир.

Петти ден

Ручек:овошна салата со лимон, боранија, интегрален леб.

Вечера:мешана салата со лимон, сирење, интегрален леб.

Шести ден

Ручек:јунешка шницла, интегрален леб.

Вечера:јајце, јогурт, зелена салата, интегрален леб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi