Дали Клои штотуку ни ја откри најпопуларната боја на коса за 2019.? Save

17 декември, 20180
kloi

За неполн месец, два пати ја промени бојата на косата.

Ако се водиме според „народното“ кажување дека „секоја жена која што сака промена во нејзиниот живот, првата промена е на бојата на косата“ – Клои Кардашијан помина низ темелни промени во нејзиниот живот во изминатите недели!

Имено, откако таа на почетокот на месецот целосно ја осветли својата руса коса, сега ни претстави нова боја – овој пат нејзината коса е со розеникава боја, а на Instagram се пофали со новиот изглед.

Нежната розева нијанса на Клои и стои одлично, а нејзината најстара сестра Ким имаше слична боја пред една година. Се чини дека Клои со овој потег уште еднаш остава впечаток дека започнува нова страница во нејзиниот живот во почетокот на новата година. Откако таа во 2018. година за првпат стана мајка , исто така имаше многу турбулентен приватен живот, бидејќи таткото на нејзината ќерката, Тристан Томпсон, безобразно ја изневеруваше пред целата јавност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi