Дали погрешно го полните телефонот? Проверете!

popara24 септември, 20181min00
мм

Погледнете како е најдобро да го полните мобилниот телефон.

Познатиот веб-сајт Business Insider издаде листа на препораки, врз основа на истражувањата на истражувачкиот сајт Battery University и на компанијата Cadex, на кој начин треба да се полни правилно мобилниот телефон.

Ова е особено важно за iPhone-овите сопственици, бидејќи со тоа ќе се зачува батеријата, нејзината максимална корисна состојба (полност) и ќе ја одложи нејзината замена и озлогласеното успорување на iPhone уредот.

Ако вака го наполните телефонот – батеријата ќе трае најдолго:

– Полнете го телефонот кога ќе стигнете, малку по малку

– Пробајте да не ја искористувате батеријата целосно (до исклучување на телефонот)

– Пробајте да го одржувате полнењето на батеријата помеѓу 65 и 75 проценти

– Ако претходна ставка е невозможна, одржувајте ја на 45-75%

– Не ја полнете батеријата никогаш до крај

– Не ја полнете батеријата никогаш од нула до 100% веднаш

– Не треба да ја полните батеријата непрекинато во текот на ноќта

– Исклучете го телефонот од полначот секогаш кога ќе достигне 100% од полнењето.

Објаснувања и истражувања:

Полнете ја батеријата кога ќе стигнете, бидејќи краткотрајното полнење не може да му наштети.

Ако дозволите најчесто да се потроши батеријата, тоа ќе помогне во нејзиното стареење и намалување на работниот век, како и капацитетот.

Батеријата ќе трае најдолго и ќе има иста моќност најдолго, доколку е на ниво на полнење од 65 до 75 проценти.

Ако го држите полнењето на ниво помало од 25 проценти, ризикувате да ја оштетите батеријата побрзо.

Литиум-јонските батерии не се предвидени нон-стоп да се полнат до 100% капацитет, па затоа немојте често да ја полните на овој начин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag