Dell ги претстави најмоќните 15 и 17-инчни лаптопи со Ubuntu Linux

popara16 јули, 20181min00
14

Dell Precision 7530 и 7730 Mobile Workstation Developer Edition се најновите модели од портфолиото на Dell.

Новите лаптопи се опремени со брза RAM меморија, професионални AMD или Nvidia графички картички и сертифициран Red Hat Enterprise Linux 7.5 оперативен систем. Ги покренуваат најновите Intel Core или Xeon процесори.

Dell Precision 7530

Dell Precision 7530 е означен како најмоќна светска 15-инчна работна станица со Linux платформа, а уредот има Intel Core или Xeon процесори, AMD Radeon Pro WX или Nvidia Quadro професионални графички картички, до 128 GB 3200 MHz RAM и до 6TB PCIe SSD диск. Dell Precision 7530 исто така има и “Ready for VR” ознака, а тука се и Thunderbolt 3 конекцијата и Ubuntu 16.04 LTS (Xenial Xerus) оперативниот систем.

Dell Precision 7730

Dell Precision 7730, од друга страна, е окарактеризиран како најмоќна 17-инчна работна станица, која ја интегрира вештачката интелигенција (AI) како програмерска платформа. Лаптопот ги има истите спецификации како и Dell Precision 7530, со тоа што поддржува простор за складирање до 8 TB.

Двата модела се достапни за купување глобално, преку Dell онлајн продавницата, а почетните цени се движат од 1090 долари за Dell Precision 7530 Mobile Workstation и 1370 dolara за Dell Precision 7530 Mobile Workstation.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag